| четврток, 6 декември 2018 |

Ајнтрахт Франкфурт го награди Нико Ковач со нов договор

niko-kovac

Тренерот на Ајнтрахт Франкфурт, Хрватот Нико Ковач го продолжи договорот со својот клуб до 2019 година. Ајнтрахт минатата сезона едвај се спаси од испаѓање во лигата и дури во бараж мечот остана во елитата. Сепак оваа сезона се наоѓа на петтото место по првите 13 кола во Бундеслигата.

Хрватскиот тренер го донесе својот тим до реми против шампионот Баерн Минхен и го победи вицешампион Борусија Дортмунд.

Претходно Нико Ковач беше селектор на Хрватска, но по Мундијалот во Бразил и лошиот старт на квалификациите за Европското првенство во Франција, заработи отказ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top