ЦСКА Москва се раздели со трофејниот тренер Леонид Слуцки, кој по три освоени шампионски титули ја напушти екипата од главниот руски град.
„ЦСКА ја почитува желбата на Леонид и ни му благодариме за успешните години. Беше незаборавна авантура за нас. Слуцки ќе остане засекогаш пријател на клубот и вратите на ЦСКА секогаш се широко отворени за него” – напишаа челниците на рускиот тим на офоицијалната веб страница.
Слуцки одлуката ја објави уште пред неколку дена, а синоќа по поразот на рускиот тим загуби со 3-1 во Лондон од Тотенхем само ја потврди на официјалната прес-конференција. По седум години црвеноармејците ќе добијат нов предводни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.