| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за пожарот во Кисела Вода

pozar2

Во пожар кој избувнал изутринава во станбена зграда на улицата „Вера Јоциќ“ број 37 во општина Кисела Вода, почината е 57-годишна жена.

Пожарот настанал од уред за греење во подрумски простории на објектот, адаптирани за живеење на едно лице.

Како што информира командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Ѕвонко Томески, дојава за пожарот имале во 7:00 часот.

– Веднаш е излезено на местото и е интервенирано  со четири противпожарни возила и со 14 пожарникари. Пожарот брзо бил ставен под контрола и не било дозволено проширување на други делови од зградата, рече Томески.

При пребарувањето на опожарениот простор е најдено тело на починатата жена, која најверојатно не успеала на време да го напушти објектот и се задушила. Биле повикани полиција и брза помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top