| четврток, 6 декември 2018 |

Почина првиот американскиот космонаут кој ја заобиколи земјата

Џон Глен, поранешниот американски космонаут и првиот Американец кој ја заобиколи Земјата, почина во 95. година од животот.

Поранешниот воен пилот и американски сенатор, умрел во една болница во градот Колумбос, во сојузната држава Охајо, кадешто пред седум денови бил префрлен на лекување.

Тој ќе остане запаметен по неговата „историска“ обиколка на земјината топка, во 1962 година, во капсулата „Пријателство“, но и по големиот подвиг што го направи 36 години подоцна.

Во 1998 година, Глен на 77 годишна возраст, одново леташе кон вселената, како еден од членовите на екипажот на спејс-шатл програмата, со што стана најстариот човек во светот кој престојувал во вселенскиот простор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top