Во приказната која била забошотена се вели дека Советскиот сојуз имал намера на 16 мај 1961 година да ја испрати првата жена во вселената. Во тоа време Американците имале само помал лет во земјината суб-орбита, додека Русите сакале да го испратат својот прв космонаут подалеку во длабочините на орбитата. Сепак нешто тргнало наопаку, но не се знае што точно. На снимката која настанала во 1961 година може да се слушне како жена која се наоѓа во леталото се жали на зголемување на температурата во кабината пред да се уништи леталото.
Русинката се обидувала да стапи во контакт со контролата на летот на земја, но немало одговор.
– Слушајте, слушајте! Зборувајте со мене! Овде е жешко, жешко ми е!, велела жената.
Во еден момент таа прашува дали тоа е опасно, но нема одговор.
– Многу е топло! Гледам пламен, да голем пламен! Ќе се срушам! Жешко е!, викала жената.
Во тој момент се прекинува снимката и повеќе не се слуша ништо.
Ова е снимка од последните моменти на жената космонаут во леталото пред да биде уништено. Автори на снимката се браќата Јудика-Кордиља, но воедно се поставува прашањето како можел некој пред половина век во приватна режија да пресретне шифрувана советска комуникација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.