Пејачката Цеца Ражнатовиќ ги шокираше фановите со фотографија со водителката на емисијата ДНК, Наташа Аксентиевиќ.
Во прв момент сите помислија дека фолк-дивата ќе се најде во некоја од наредните епизоди на емисијата, во која се откриваат најголемите семејни тајни.
-Е ова е мој идол! Ја обожавам! Мојата Наташа! Утврдуваме чие дете сум од оваа планета – напишала Цеца и ја разрешила мистеријата.
Имено пејачката и водителката се сретнале на роденден на нивен заеднички пријател. Наташа не го криела воодушевувањето, па средбата ја овековечила со фотографија.
– Умирам од среќа – порачала Наташа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.