| четврток, 6 декември 2018 |

Забава за најмалите и нивните родители за Меѓународниот ден на семејството

Со забавата што ја организира Министерството за труд и социјална политика, ќе се одбележи Меѓународниот ден на семејството, а програмата ја подготви Сојузот за грижи и за воспитување на децата на градот Скопје и членовите на детскиот хор „Златно славејче“.

Денешнава дата пред дваесет години е утврдена како Меѓународен ден на семејството со одлука на Генералното собрание на Обединетите нации.

Организаторите ветуваат многу забава и дружење во градскиот парк во Скопје за најмалите и за нивните родители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top