| четврток, 6 декември 2018 |

Кирк Даглас наполни 100 години

Славниот холивудски актер Кирк Даглас, чиишто улоги ја одбележаа кинематографијата на 20 век, денеска го прославува 100. роденден.

Од почетокот на филмската кариера во 1946 година, Кирк Даглас оствари повеќе од 90 филмски улоги, а ќе остане запаметен и по филмовите „Шампион“, „Пресметка кај ОК коралот“, „Патеки на славата“, „Последниот воз од Ган Хил“, „Спартак“ и многу други.

Тој трипати беше номиниран за наградата „Оскар“ за главна машка улога, но златната статуетка ја крена само еднаш, и тоа во 1996 година кога доби „Оскар“ за животно дело.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top