Навивачите на Интер решија да го бојкотираат својот клуб на денешниот дуел од Лигата на Европа со Спарта Прага. „Нероаѕурите“ играа очајно во групната фаза претрпувајќи четири порази во првите пет кола, па на една рунда до крајот ги загубија сите шанси за пласман во следната фаза.
Тифозите се бесни, па својот протест го покажаа истакнувајќи долга порака до своите миленици: „Четири порази на пет натпревари… ова е тоа што го заслужувате… Засрамете се!
Голем дел од јужната трибина ќе биде празен, но прашање е дали избраниците на Пиоли ќе ја научат лекцијата, па во иднина ќе почнат да прикажуваат игри какви што му доликуваат на некогашниот фудбалски гигант од Милано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Граѓани преку Фејсбук повикуваат на бојкотирање на наставата во училиштата поради загадениот воздух
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Чуден е овој соживот кога на националната арена ни извикуваат “Мртов каур, добар каур” и “Обединета Албанија” (видео)
-
Од одмор до трагедија, се истепаа навивачи на Порто и Бенфика во Хрватска (ВИДЕО)