| четврток, 6 декември 2018 |

Бред Пит е во голем проблем

Судијата во Лос Анџелес денеска го отфрли барањето на американскиот актер Бред Пит со кое тој бараше деталите од неговиот договор со Анџелина Џоли за привременото старателство над децата да не бидат достапни на јавноста.

Пит побара сослушување во обид да ги запечати докумените за неговиот случај, но судијата тоа го отфрли, јавија американските медиуми.

Тој поднесе барање два дена подоцна откако медиумите го објавија договорот кој тој го постигнал со Џоли во крајот на октомври, а се однесува на бракоразвоната парница.

Спогодбата предвидува американскиот актер да ги посетува децата во друштво на терапевт.

Пит сега планира да побара привремено старателство, а барањето документите да не бидат достапни на јавноста е со цел да ја заштити приватноста на децата, јавува „АП“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top