| четврток, 6 декември 2018 |

12 банки во Кипар без ограничувања на трансфери

Кипар ги укина ограничувањата врз паричните трансфери на уште осум странски банки, што работат во земјата, пренесоа американските медиуми. На овој начин веќе 12 странски банки во Кипар се без ограничувања за паричните трансфери, но за локалните клиенти продолжува да важи лимитот од 300 евра за повлекување на суми во еден ден.

Кипар во март ја затегна контролата врз банките за да не дозволи нивно истекување од финансикиот сектор, откако се договори планот вреден 30 милијарди евра со партнерите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд, што, пак, предизвика големите вложувачи во двете водечки банки на островот да имаат масовни загуби на своите сметки

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top