-Ова се избори на кои граѓаните имаат две алтернативи СДСМ и коалицијата со нивните деструктивни политики, договарање со разноразни криминалноразузнавачки структури, пазарење со државните и националните интереси и давање нереални ветувања на граѓаните. Имате и втора алтернатива, а тоа е ВМРОДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со се она што правевме и што ќе го правиме- им порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на жителите на струмичко Вељуса.
Посочи дека со добро обмислена и реална програма излегува во пресрет на најприоритетните барања на граѓаните и дека ВМРО ДПМНЕ е партија која секогаш исполнувала и повеќе од ветеното. За малите партии и малите коалиции рече дека се наменски направени од Зоран Заев, како што рече, „истиот сценарист што ни го прави ова во изминатите две и пол години“.
-Нивната цел е да одземат гласови од ВМРОДПМНЕ, да го ослабнат и со тоа да ја зајакнат позицијата на СДСМ. Секој што гласа за помалите партии и коалиции треба да знае дека не само што нема да имаат пратеник и потоа ќе ги снема, треба да знае дека гласа за Зоран Заев и за СДСМ кои овие две и пол години ги прават сите манипулации и хаос, зацртале цели да се витка кичмата, да се воведува двојазичност на цела територија, да се менува Уставот, да се прават кантони. Не ни требаат такви работи. Затоа на овие избори и Заев, и неговите сценаристи, и оние помалите коалиции треба да претрпат историски најголем пораз и да види сценаристот дека во оваа држава има мудар народ- рече Груевски.
Додаде дека Заев си го потценил народот, но дека народот знае се, го дигнал гласот, а тој глас, рече Груевски, ќе се чуе во недела со масовна поддршка за ВМРОДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ и казнување на СДСМ и помалите коалиции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.