Во кинеската народна медицина циметот има посебно место и се смета за една од најдобрите состојки од природата, особено кога се работи за настинките и гриповите. Вообичаено се употребува во комбинација со чај и свеж ѓумбир.
Помага за да се зајакне имунитетот, а покрај тоа ги олеснува и проблемите со варењето. Па, ако започнете со редовно консумирање на овој напиток, со сигурност набрзо ќе почувствувате и бројни други предности.
Во 200 милилитри зовриена врела вода ставете две мали лажички цимет и една лажица мед. Изрендајте околу една мала лажичка свеж ѓумбир, па додадете три лажици сок од лимон и затворете со тацна.
После два часа испијте половина од овој напиток, а најдобро би било тоа да биде навечер пред спиење. Другата половина испијте ја наутро, кога ќе станете, и тоа на празен желудник.
Пробајте и со сигурност ќе забележите единствено само позитивни ефекти!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.