Носителот на кандидатската листа за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ Антонио Милошоски за време на денешните средби со битолчани на Широк Сокак истакна дека победата е извесна и повика на масовно учество и гласање на претстојните вонредни парламентарни избори.
Според Милошоски, со победата на владејачката партија и 63 пратеници, ќе има стабилно Собрание, а политичка криза ќе заврши. Чувствуваме, а такви информации и добиваме од терен, од граѓаните, дека победата на коалицијата „За подобра Македонија“ е извесна и ќе биде убедлива.
-Сакам да ги поканам сите и определени и неопределени да ни се придружат на 11 декември на мирни и достоиинствени избори, да се гласа со голема масовност, да се гласа за стабилна економија, за стабилно здравство и за напредно земјоделство, за повеќе странски инвестиции, за повеќе инвестиции во спортот, културата и инфраструктурата. Да имаме 63 пратеници за стабилно Собрание, да заврши оваа политичка криза и Македонија да продолжи да чекори напред и сите да работиме во интерес на граѓаните – рече Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Милошоски: Во недостаток на аргументи за постигнатото, се изигрува процедурата за ратификација
-
Милошоски: Димитров и Заев го занемаруваат нашиот примарен аргумент во односите со Грција, не бараат да се признае пресудата од Хаг
-
Бугарија доби легално право да ја попречува Македонија во своите аспирации
-
Милошоски: СДСМ не гласаше за амандаман за штетите од земјотресите во Ресен, Охрид и Струга