| четврток, 6 декември 2018 |

Нови затајувачи на данок од редовите на „кралскиот клуб“

Од Шпанија ни доаѓаат вести за нови фудбалери на Реал Мадрид, кои затајувале данок дури биле дел од „кралскиот клуб“. Шпанските власти најавија покренување на истрага против Чаби Алонсо, Анхел Ди Марија и Рикардо Карвалјо, бидејќи има сомневање дека не платиле данок кон државата во периодот од 2009 до 2011 година. Претходно со обвинение се соочија и Лука Модриќ и Кристијано Роналдо, но сè уште нема ништо конкретно во врска со тие случаи.

Шпанските власти нагласија дека овие нови случаи немаат врска со аферата која ја објавува „Фудбал Ликс“. Според нив има уште двајца фудбалери, на кои идентитетот сè уште се чува во тајност. Но, според некои извори тие фудбалери се Радамел Фалкао и Фабио Коентрао.

cabi-alonso

Чаби Алонсо за Реал Мадрид настапуваше од 2009 до 2014 година, пред да премине во Баерн Минхен, а Анхел Ди Марија белиот дрес го носеше од 2010 до 2014 година, а сега е член на ПСЖ. Рикардо Карваљо во моментов е без клуб, а дресот на Реал Мадрид го носеше од 2010 до 2013 година.

28-годишниот Коентрао во тимот на Реал Мадрид е од 2011 година, а минатата сезона како позајмен настпауваше во Монако. Радамел Фалкао со успех го носеше дресот на Атлетико Мадрид во период од 2011 до 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top