| четврток, 6 декември 2018 |

Хамилтон: Без разлика на се, сакам да останам во Формула 1 уште 10 години

lewis-hamilton-monaco

Формула 1 остана без актуелниот првак Нико Розберг кој реши да се пензионира, но неговиот колега и ривал, Луис Хамилтон не размислува на такво нешто. Трикратниот шампион во најбрзиот автомото спорт вели дека ќе биде активен уште најмалку десет години.

– Планирам да останам дел од Формула 1 уште најмалку десет години. Она што сега ме интересира е само кој ќе ми биде колега во Мерцедес. Очекувам многу од моите тимски лидери, но и многу работа од наша страна. Ќе мора да работиме за да го подобриме болидот, нормално, ако сакаме да останеме конкурентни со Ферари и Ред бул кои најавуваат промени – изјави Хамилтон.

Засега, како најсериозен кандидат за празното место во Мерцедес се споменува Фернандо Алонсо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top