Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својот Фејсбук профил најави влез на компанијатаМалхотра кејблс од Индија. Таа ќе инвестира во Македонија градејќи сопствен производствен погон во Технолошко-индустриската развојна зона во Скопје.
-Се работи за инвестиција од 10 милиони долари која ќе донесе почетни 100 вработувања со понатамошни планови за проширување. Погонот на компанијата кој ќе почне да се гради во наредните три месеци, ќе се простира на површина од 4 илјади квадратни метри, а ќе треба да биде готов до крајот на наредната година. Се работи за компанија која се занимава со производство на кабли и сурови материјали кои се користат во автомобилската индустрија и претставува добавувач за големи компании. Ова е нивна прва инвестиција во Европа, а производството ќе се пласира на европскиот пазар што значи развој и прилив на свежи средства во македонската економија. Првичниот контакт и разговорите околу самата инвестиција ги водеше директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриско развојните зони, Виктор Мизо – извести Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доста не ограбуваа: Ако минуваат кабли низ вашиот имот имате право да барате надомест
-
Затвореник на отсуство починал од струен удар крадејќи кабли
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра