| четврток, 6 декември 2018 |

Нашол заборавено лото ливче, добил пет милиони американски долари

loto-moneyЖител на предградие на Чикаго во својата кујна нашол тикет за лотаријата Quick Pick што го купил на почетокот од годинава. Пред да се ослободи од непотребната хартија, решил да провери да не случајно ливлето е добитно. По проверката станал сопственик на речиси пет милиони американски долари, објави FoxNews.

Среќниот Рикардо Серезо раскажува дека неговата сопруга при расчистувањето на кујната нашла вкупно 11 лотариски ливчиња. Го замолила да ги провери пред да ги фрли во корпа за отпадоци. Споредувајќи ги извлечените броеви со пополнетите ливчиња, забележал дека на еден од тикетите се совпаѓаат сите шест броеви. Победничкиот износ пред исплатата на даноците изнесува 4,85 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top