Македонската пливачка Анастасија Богдановски на вториот ден на Светското првенство на 25 метарски базени што се одржува во канадскиот град Винздор постави државен рекорд во дисциплината 100 метри слободно.
Таа во квалификациите исплива време 55.98 секунди и го подобри претходниот рекорд што беше во нејзина сопственост 56.75 секунди. Богдановски го освои 45 место од 132 пријавени пливачки во оваа дисциплина.
Денеска настап во квалификациите имаше и Љупчо Ангеловски. Тој во трката на 100 метри пеперутка имаше време од 56.11 секунди и беше за 62 стотинки побрз од пријавеното време за овој шампионат.
Утре на шампионатот ќе настапат четири македонски пливачи: Анастасија Богдановски (50 метри пеперутка и 100 метри мешано), Горазд Чепишевски (50 метри грбно), Љупчо Ангеловски (50 метри слободно), Марко Блажевски (50 метри слободно).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград
-
Нов рекорд: Меси е најдобриот на сите времиња (видео)
-
Македонските пливачи подготвени за ЕП во Копенхаген
-
Голем срам на Олимписки базен – децата плаќале по 3 евра од трка, а резултатите биле објавувани на чаршави!