| четврток, 6 декември 2018 |

Нова авионска несреќа: Нема преживеани, 48 лица загинаа во Пакистан

avionska-nesreka

Авион на компанијaта Пакистан Интернeшнал Ерлајнс (ПИА), се урнал во планински предел во северниот дел на земјата, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори од полицијата и цивилното воздухопловство.

Авионот летал за Исламабад, а полетал од северниот градот Цитрал. Според првичните информации, нема преживеани, а во авионот имало вкупно 48 лица.

an

Geo News наведува дека авионот изгубил контакт со цивилните воздухопловни власти во Цитрал околу 04:30 часот по локално време.

Пакистанските власти дополнително ќе ги испитуваат причините за падот на авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top