Американски Суд го одобри договорот меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли за старателство над нивните деца.
Со договорот се предвидува актерот редовно да се тестира на дрога и алкохол, а децата со него нема да ги минуваат празниците, доколу тоа не го сакаат.
Според судскиот документ, Џоли го задржува старателството над шесте деца. Во договорот е предвидно да се формира тим од петмина експерти кои ќе бидат задолжени за следење на менталното здравје на семејството.
Пит и натаму ќе има договорени посети на терапевт со децата, при што интересите на децата ќе бидат секогаш на прво место. Освен редовното тестирање на дрога и алкохол, Бред ќе треба секоја недела да посетува и индивидуална и групна терапија. Децата исто така, ќе одат на индивидуални советувања.
– Бред Пит доброволно се согласи да прави тестови на дрога и алкохол. Меѓутоа, сега кога судија ги потпиша документите тоа стана задолжително- изјави извор близок до актерот.
Истиот извор уште открива дека Бред не ги видел насамо децата уште од инцидентот во авионот, кога тој имаше жестока расправија со најстариот син.
– Анџелина не се одвојува од децата по инцидентот во авионот. Иако се уште не го заврши својот филм, беше со нив цело време за да биде сигурно дека се добро- пренесува магазинот ЕТ.
Договорот може да биде променет доколку Пит одлучи да поднесе жалба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Драмата околу старателството продолжува: Бред Пит не сака децата да бидат близу Аџелина
-
Голем пресврт: Испливаа нови детали од разводот на Анџелина и Бред, актерката шокираше со одлуката
-
Имала тајна врска со жена: Анџелина Џоли мажот го изневерувала со оваа жена!
-
Зарем тој, после онаков Бред – сите се изненадени од новиот партнер на Џоли!