Магазинот „Тајм“ го избра идниот претседател на САД, Доналд Трамп, за човек на годината нарекувајќи го претседател на поделените држави на Америка.
– Мислам дека досега не сме виделе ваква личност која дејствува на толку неконвенционален начин, а има такво влијание врз настаните на годината – изјави уредникот Ненси Гибс, коментирајќи го овогодишниот избор на оваа долга традиција на весникот.
Во изјава за утринската емисија на ТВ-мрежата „Ен-Би-Си“, Трамп ова го нарече „многу голема чест“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.