Филмски грабеж во Кан се случи за време на Канскиот филмски фестивал. Накит чија вредност се проценува на повеќе од милион долари, е украден од хотел во овој монденски град во Франција. Накитот и припаѓал на швајцарската фирма „Шопар“, која сакала да ја претстави својата најнова луксузна колекција. Скапоцените парчиња требало да ги носат познатите ѕвезди, додека трае филмскиот фестивал. Според извештаите, накитот бил украден минатата ноќ, од сеф во хотелот „Новотел“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


