| четврток, 6 декември 2018 |

Новата девојка на Роналдо поради него доби отказ во „Гучи“

Откако пред десет дена беше снимена во друштво на славниот фудбалер Кристијано Роналдо во Париз, животот на Георгина Родригез целосно се промени.

Некогаш непознатата девојка почнаа да ја следат папараци, а откако беше откриено дека работи во бутикот на „Гучи“ во Мадрид, со денови престојувале пред продавницата во којашто работи.

Но, како што пишуваат шпанските медиуми, на нејзините шефови тоа не им се допаднало, па ѝ дале отказ. За да ѝ олесни, славниот фудбалер сега ги користи сите свои познанства, бидејќи сака да ѝ помогне во потрагата по нова работа, а за работното место наводно веќе се распрашувал и во „Прада“.

Роналдо и Георгина се запознале во Мадрид на еден настан на „Долче и Габана“, а наводно се гледаат веќе неколку месеци во тајност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top