| четврток, 6 декември 2018 |

Најдете ги одговорите на прашањата кои ве мачат според кругот на Нострадамус

Мишел де Нотр Дам, попознат како Нострадамус е астролог, лекар и хемичар, но свет го знае благодарение на неговите пророштва. Неговите предвидувања се исполнуваат и ден – денес, со исклучителна прецизност.

Ова е метода на прорекување на иднината според кругот на Нострадамус и е доволно едноставна и изненадувачки прецизна. Затворете ги очите, сконцентрирајте се на прашањето кое моментално ве интересира и  забодете го прстот во област на кругот. Погодениот број  е одговор на вашето прашање.

Ова се одговорите:

  1. Да. Вие припаѓате на оваа група на луѓе кои не губат присебност и присуство на духот, дури и во најтешките ситуации. Затоа не ги кревајте рацете од решавање на своите проблеми, затоа што на лагер ги имате издржливоста и трпението. Имајте доверба во себе и во другите.
  2. Да, но не денес и не утре. Некој стои на вашиот пат и се обидува да ве збуни. Не сфаќајте го премногу сериозно. Но, немојте ниту да го потценувате тој отпор. Избегнувајте судири. Обидете се да пронајдете позитивно решение за вашиот проблем.
  3. Да. Настаните во следните денови ќе ги надминат вашите очекувања. Доколку почнете паметно да ја користите резервната енергија, а не да ја трошите на неважни работи, предноста ќе биде на ваша страна. Во секој случај имате трпение и издржливост како во однос на себе така и во однос со другите.
  4. Да. Во овој момент, изгледа дека среќата ви се насмевнува. Затоа не постои ниту една причина за сомнеж во позитивниот исход. Среќата уште долго ќе ве следи. Уживајте во овие среќни недели.
  5. Точно. Во овој момент, обрнувате премногу внимание на мислењето на другите и затоа помалку ги пропуштате пријатните ситуации. Немојте предолго да чекате, дајте им на другите на знаење дека мора да ве почитуваат и вас и вашето мислење. Мали тактични игри само предизвикуваат заблуди и одат на штета на взаемна доверба.
  6. Се ќе оди малку потешко, од што вие очекувате. Поаѓате од грешни претпоставки. Другите луѓе го гледаат тоа во сосема поинакво светло. Затоа е крајно неопходно да послушате совет од блиска личност и да не им подлегнувате на лажните надежи.
  7. Прашањето за сега не е решливо. Дајте си време на себе си и не си ја полнете главата со недозреани проблеми. Обидете се да уживате во моментот. Подоцна се ќе се реши. Ако сте многу загрижени побарајте помош во магичниот круг за една недела.
  8. Внимателно. Обидете се да не верувате на се што ќе ви кажат. Држите одредена дистанца во некои работи. Денес се околу вас изгледа подобро, од што навистина е. Бидете внимателни и внимавајте подоцна да не доживеете разочарување.
  9. Нема сомнежи. Но ќе ви биде потребна помош. Разговарајте со добар пријател за проблемите кои ве мачат, затоа што тој е објективен и ќе ги погледне потрезвено работите.
  10. Да. Сепак не давајте да ве донесат во заблуда. Покажете малку повеќе самодоверба и сигурност и тогаш се ќе биде во совршен ред. Во овој момент можете целосно да се ослоните сопствената интуиција. Подоцна нема да доживеете ниту најмалку разочарување.
  11. Прашањето е прерано поставено. Засега оставете го настрана, се уште не е „созреано“. Бидете попустливи. Ќе ве ценат поради тоа.
  12. Доста е возможно. Се напредува многу побрзо и попозитивно, од што замислувавте. Важно е да не се обидувате да се стекне впечаток на незаинтересирано лице. Обрнете внимание: некој искрено се обидува да стане ваше пријател.
  13. Се ќе се случи онака како што е планирано. Вие делувате неодлучно. Тоа пак ги збунува вашите пријатели. Ве сметаат за непредвидлива личност, што не ви оди во корист. Избришете им ја оваа слика. Вас ве сакаат повеќе од што вие мислите.
  14. Се ќе биде добро. Но само во случај ако и самите покажете активност. Се е дозволено, но не одложување. Преземете ја иницијативата во свои раце и изненадете ги сите со вашата ефикасност и богатство на идеи.
  15. Да, можете да се потпрете на вашата среќа. Ве очекува поволен пресврт на судбината. Сега не мора ништо да измислувате, туку само да очекувате. Избрзани дејства ќе ве однесат во погрешна насока и може да ви наштетат.
  16. Сите надежи ќе бидат исполнети. Но, апсолутно поинаку од тоа што вие сте го замислиле. Затоа бидете подготвени за било какви промени и не се концентрирајте само на единствената поставена цел. Покажете флексибилност и не отфрлајте ниту еден аргумент.
  17. Прашањето се уште е отворено. Потребно е внимателно да размислите околу своите желби, затоа што вашите чувства се уште не созреале до крај. Според тоа, премногу очекувате од другата страна. Во следните денови се останува без промени. Меѓутоа, една среќна околност може да внесе јаснотија во вашиот проблем. Внимателно слушајте го својот внатрешен глас.
  18. Кај вас може да дојде до тешкотии. На почеток ќе бидете разочарани, но тоа не значи дека вашите шанси се еднакви на нула. Сосема спротивно: разочарувањето ќе даде поттик во позитивниот развој. Вашиот круг на пријатели се зголемува, станува подобар и постабилен.
  19. Недовербата и лутината се уште се далеку од вас. Но, доколку набрзо не ги ослободите сопствените сомнежи, многу нешта ќе расипете. Ако среќата ве заобиколува, виновникот за тоа може да биде вашата претерана скромност и несигурност. Фрлете ги настрана! Бидете отворени и дружељубиви со другите луѓе.
  20. Да. Во овој момент, среќата е на ваша страна. Според тоа, нема ниту една причина да се сомневате во поволен исход. Уште долго ќе уживате во среќниот период.
  21. Да. За конечно постигнување на целта остана да вложите уште само малку труд. Бидете смели, ризикувајте и сигурно ќе успеете. Бидете внимателни кон се што се случува околу вас и мајте на ум – случајности не постојат. На овој свет ништо не е случајно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top