| четврток, 6 декември 2018 |

Муџахедини од Иран пристигнаа во Тирана

muhadzediniВо Тирана пристигнале првите 14 муџахедини од Иран од вкупно 210 колку што прифати владата на Сали Бериша да ги засолни во Албанија и тие моментално се згрижени во кампот „Слобода”. Како што објави Макфакс, информацијата ја соопштил претставникот на Обединетите нации, Мартин Коблер, кој додал дека ова е првата група од организацијата Муџахедин на иранскиот народ, којашто веќе пристигнала во Албанија и тоа во средата навечер.

Владата на Албанија го прифати барањето на САД таа да засолни членови на наведената група на муџахедини. Премиерот Сали Бериша објасни дека Тирана ќе згрижи солни 210 членови од нивниот камп кој досега беше во Ирак. Другите членови на оваа организација се очекува да бидат пречекани во Албанија во наредните седници, јавија медиумите во Албанија.

Дека Албанија ќе обезбеди засолниште за 210 членови на групацијата Муџахедин е Халк (Организација на муџахедините на иранскиот народ – МЕК), кои сега живеат во изолиран камп на територијата на Ирак, најави албанскиот премиер Сали Бериша кон средината на годинава.

Според Бериша, како што појасни тогаш владината служба за односи со јавноста, оваа одлука е донесена од „ хуманитарни причини”. Решението на албанскиот премиер беше крајниот резултат на шестмесечните преговори меѓу САД и Албанија, а беше најавено по состанокот на Бериша и американскиот заменик-помошник државен секретар Барбара Лив и специјалниот претставник на Обединетите нации во Ирак, Мартин Коблер. Познато е дека Багдад има за цел да го забрза преселувањето на кампот, кој подолг период е дом на околу три илјади луѓе.

Групацијата Муџахедин е Халк е основана во 1965 година од страна на ирански студенти кои сакаа да го соборат режимот на шахот лојален на САД и да формираат во Иран социјалистичка исламска република. Припадниците на движењето го поддржаа лидерот на Исламската револуција ајатолахот Хомеини во борбата против режимот на шахот, но набрзо по Исламската револуција во 1979 година идеолошки се разидоа со иранското клер. Припадниците на Муџахедин е Халк во Иран изведоа голем број терористички акти, па дејствувањето на организацијата во оваа земја беше забрането.

Подоцна ирански единици на „муџахедините” во 1982 година го пренесоа своето дејствување во Франција, а во 1986 година во Ирак, каде му дадоа поддршка на ирачкиот диктатор Садам Хусеин редовно преземајќи вооружени напади во Иран и ангажирајќи се во субверзивни активности против Исламската Република за време на иранско-ирачката војна од периодот меѓу 1980 и1988 година. Според процените на иранската влада, припадниците на Муџахедин е Халк се одговорни за смртта на повеќе од 12 илјади ирански и повеќе од 25 ирачки цивили, во прв ред припадници на тамошното шиитско мнозинство.

Во 1997 година, американскиот Стејт департмент официјално организацијата Муџахедин е Халк ја стави на списокот терористички организации. Подоцна, Вашингтон во повеќе наврати ја потенцираше поврзаноста на оваа групација со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. По американската инвазија на Ирак, Муџахедин е Халк беше неутрализирана и разоружена, но политичката активност на организацијата продолжи.

Всушност, „муџахедините” склучија примирје со Вашингтон, а во септември 2012 година, САД ја тргнаа Муџахедин е Халк од листата терористички организации. Одлуката беше очекувана, имајќи предвид дека организацијата Муџахедин на иранскиот народ одамна се откажа од насилството и активно соработуваше со американските разузнавачки организации во собирањето информации за случувањата во Иран.
Сепак, Стејт департментот истакнува дека не го заборава милитантното минато на оваа организација.
Поради тоа, Иран го обвини Вашингтон дека спроведува „двојни стандарди” и истакна дека САД ја користи оваа групација во борбата против актуелната власт на Исламската Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top