Полициски сили и обезбедувањето на СДСМ вечерва во Куманово им предизвикале непријатности на екипата на ТВ НОВА и нивното мобилно студио.
Како што јавува телевизијата, според нивната репортерка од терен, најпрво по пристигнувањето на автобусот во кој се наоѓа мобилното студио, во него влегле полициски службеници и побарале легитимирање на екипата. Откако тимот на ТВ НОВА ги прикажал соодветните акредидации, полицијата го напуштила автобусот, по што пристигнале лица од обезбедувањето на митингот и притоа побарале да се препаркира автобусот, со образложување дека мобилното студио претставува безбедносен ризик на местото на коешто се наоѓа.
Досега практиката е мобилното студио да биде во близина на напојувачи на струја, меѓутоа иако истото им било објаснето на лицата од обезбедувањето, сепак инсистирале на негово поместување.
„Имено, веќе 16 дена мобилното студио секојдневно и наизменично известува за активностите на двете најголеми политички партии во земјава и досега никаде немало проблем.
ТВ НОВА бара да и биде овозможено професионално да известува за тековните политички случувања од страна на двете најголеми политички партии и во иднина да се избегант било какви обиди кои би можеле да значат опструкции врз екипите кои се на работна должност“ велат од телевизијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.