| четврток, 6 декември 2018 |

Во недела Македонија ја победува кризата, СДСМ како креатор на таа криза и сценаристите зад него

Во недела победуваме, победува Македонија, македонскиот народ, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите. Ја победуваат кризата, го победуваат СДСМ како креатор на таа криза и сценаристите зад него. Во недела победува Македонија, истакна на вечерашниот митинг во Берово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во четвртата изборна единица Никола Груевски.

-Две ипол години нè малтерираат за сега да е сосема јасно за секого што била идејата, за сиот хаос, деструкции, манипулации, со сите обиди да се сруши ВМРО-ДПМНЕ, да се замаи народот и да го донесе СДСМ на власт. Затоа што ветиле нешто што е измама на сопствениот народ и граѓаните на Република Македонија. Во недела со масовното излегување и гласање треба да заврши кризата. Сите сакаат да заврши кризата, сите сакаат земјата да се стабилизира и да одиме напред. Да имаме стабилна Владата која ќе ги реализира проектите од програмата „Реално“ која е на 500 страни со добро обмислени проекти со прецизни рокови кои ќе ја однесат Македонија напред. Знатете дека и повеќе ќе направиме, затоа што секогаш го правиме тоа, посочи Груевски.

Тој додаде дека единствен сигурен начин за да знаеме дека кризата ќе заврши е масовно референдумско излегување во недела и 63 паретнички места во парламентот за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

-Тие се свесни дека ќе загубат. Не можат да се помират со поразот ниту СДСМ, ниту сценаристите кои стојат зад нив, дека овој народ кој го потценија, кој го сметаа за народ со понизок капацитет, дека овој народ им ги руши сценаријата што им успеале во други држави. Важно е масовно референдумски да се излезе и да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. За да го ослабнат ВМРО-ДПМНЕ смислија уште две помали коалиции од кои едната го носи предзнакот ВМРО за да го залажат народот. Едно е ВМРО, и ВМРО-ДПМНЕ и не смееме да подлегнеме на вакви манипулации кој направил наменски коалици. ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога и било тешко на Македонија се обединувало и знаело цврсто да застане зад интересите на Македонија, рече Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи и дека гласот за помалите партии или коалиции е глас за Зоран Заев, и директно помагање за него и сценаристите кои стојат зад него, неговите планови за двојазичност, кантонизација, рушење на рамките од Охридскиот рамковен договор. Редефинирање по терк кој не е добар за оваа суверена и независна држава, заклучи Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top