| четврток, 6 декември 2018 |

УЈП затвори шест тетовски обложувалници

ujp kolaШест обложувалници во Тетово се затворени од страна на Управата за јавни приходи. Во засилена контрола и со асистенција на полицијата Управата попладнево стави клуч на оние обложувалници кои или работеле на диво или правеле финансиски малверзации.

„Според последните податоци од терен, заради нелиценцирано приредување на игри на среќа затворена е “дива“ обложувалница, од која е одземен целокупниот инвентар и опрема.Поради финансиски малверзации, нерегистрирање на прометот во готово и приредување на недозволени игри на среќа, пет обложувалници се соочуваат со времена мерка затворање и парична глоба која се движи до 6.000 евра, во зависност од прекршокот“, велат од УЈП.

Активностите на УЈП и МВР во Тетово продолжуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top