| четврток, 6 декември 2018 |

Левица со сѐ повисок рејтинг

Според анкетата нарачана од опозициската ТВ Телма, Левица е блиску до 4% проценти во ИЕ 1 и според мислењето на аналитичарите овој процент може многу веројатно да прерасне до 5% до денот на изборите. Ова истражување е правено пред учеството на членовите на Левица во последните дебати, во кои многу јасно беа изложени нивните аргументи и програмски определби.

-Не се обесхрабрувајте да го дадете својот глас за Левица, која е докажана антирежимска опција и опција поразлична од се` друго во последните 25 години, порачуваат од партијата.

Носител на листата во првата изборна единица од Левица е Димитар Апасиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top