„Медиумски извршител” на власта кој беше меѓу главните и одговорни уредници кои на почетокот на годинава беше на владиниот брифинг за името тргна во жесток напад врз професорот Димитар Апасиев.
По налог на неговите наредбодавачи тој го објавува уверението за завршен факултет на кое се гледа дека Апасиев полагал руски јазик и од таму заклучува дека својата битка против владата ја води од други причини неповрзани со идеологија.
Медиумскиот извршител прашува зошто од сите можни јазици го избрал рускиот, дали зад жестокиот активизам на Апасиев се крие љубов кок Русија и дали прима рубљи од Москва.
Нарачателите на овој несмасен напад врз популарниот професор не пресметале дека провидната нарачка ќе им се врати како бумеранг.
Иако освен оценката за руски јазик ги избришале сите други оценки за кои извори на Правниот факултет тврдат дека се десетки, заборавиле да го избришат просекот на оценки запишан со молив на уверението кој потврдува дека Апасиев правниот факултет го завршил со чиста десетка.
Медиумскиот извршител не открива од каде го добил уверението на Апасиев кое што е приватен документ.
Предходно Апасиев го обвини генералниот секретар на владата Драги Рашковски дека го фалсификувал својот втор докторат и го натера јавно да признае дека се уште не докторирал по втор пат.
Во знак на одмазда неколку државни инспекции работат на досието на Апасиев и ја чешлаат со месеци неговата кариера како студент и професор.
Очигледно досега нашле само дека положил руски јазик со десетка, исто како и неколку негови колеги професори, соработници и бранители на власта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Апасиев: Во македонската судска пракса постојат две спротивни пресуди за еден ист судски случај на два Апелациони суда! Сфаќате колку е забегана работава?
-
Димитар Апасиев: Во случај да го лажирате народниот гнев кој тлее, тука сме да ве напаѓаме. Ако треба и преку нова есенска Црвена револуција!
-
Апасиев: Многу послушнички предавства подоцна се казнети
-
Апасиев: Реформиранава полиција „легитимира“ со лисици и прави „рација“ со калашникови