| четврток, 6 декември 2018 |

Миноски: Извезуваме двојно повеќе од 2006 година, а производите се пософистицирани

mino

Извозот последните десет години е двојно зголемен. Ако во 2006 година тој беше под две милијарди евра, во 2015 година изнесува над 4 милијарди евра, со тенденција оваа година да се надмине оваа бројка,  рече Кирил Миноски на средба со претставници од Стопанската комора во Кичево.

Според него, тоа е показател дека Владата води добра економска политика и дека политиката на ниски даноци обезбедува поголеми инвестиции во приватниот сектор, кои значат позасилена економска активност и позасилена извозна активност. Се потврди, додаде, дека привлекувањето на странските инвестиции се покажа како еден продуктивен процес кој обезбеди зголемување на извозот.

Министерот за финансии посочи дека она што е значајно е дека има промена на структурата на извозот.

– Ако пред 10 години извозот на машините бил 4,9 проценти од вкупниот извоз, сега тој сооднос е значително променет и 27,7 проценти од македонскиот извоз се машини и транспортни уреди – рече Миноски.

Тој потенцира дека со извоз на пософистицирани производи се отвора потреба за квалификуван и повеќе платен кадар во земјава, што ќе придонесе за побрзо и реално зголемување на платите во земјава, што на крајот ќе резултира со подигнување на стандардот на граѓаните.

Вчера државната статистика ги објави податоците за надворешно-трговската размена на земјава за првите 10 месеци кои покажуваат дека надворешно-трговската размена пораснала за 5,7 отсто во однос на минатата година, додека извозот за 5,8 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top