Потпишан е договорот за изградба на експресниот пат од Штип до Кочани, објави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при денешната посета на Штип.
Патот ќе биде со должина од 28 километри и ќе има четири ленти, а инвестицијата е вредна 20 милиони евра. Експресниот пат ќе го градат домашните компании „Гранит“ и „Бетон“ кои дале најповолна понуда на јавното наддавање од вкупно заинтересираните 20 компании.
– Особено ми е драго што можам да објавам дека е потпишан договорот за изградба на експресниот пат од Штип до Кочани. Со овој проект го продолжуваме инвестицискиот циклус во изградба на експресните патишта во Република Македонија. Ова е трет експресен пат што ќе започне да се гради во Република Македонија, изјави Мисајловски.
Според него, изградбата на патот ќе биде од големо значење за поврзување на источниот дел со останатиот дел од државата.
Мисајловски посочи дека во овој регион во тек е и изградбата на автопатот од Скопје до Штип, а се гради и експресниот пат од Велес до Штип. Во тек е и евалуацијата на понудите за изградба на експресните патишта од Штип до Радовиш и од Ранковце до Крива Паланка.
Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов истакна дека изградбата на патот од Штип до Кочани ќе се одвива во две фази, а потпишаниот договор се однесува на првата фаза од Штип до Крупиште.
– За втората фаза од Крупиште до Кочани се очекува следната година да се објави тендерот, изјави Стојанов.
За следната година се очекува да се распише и тендерот за изградба на експресниот пат од Охрид до Пештани.
Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски заедно со кандидатите за пратеници од Штип, Никола Мицевски и Трајче Димков истакнаа дека во Штип и источниот регион се гради само кога ВМРО ДПМНЕ е на власт.
– На лице место сме кај клучката која што ќе ги поврзува од автопатот од Скопје до Штип и патот од Штип до Кочани, експресен пат со четири ленти за кој што денеска е потпишан договор за изведба и чијашто изградба ќе започне во првиот квартал на 2017 година. Тоа значи дека инфраструктурата во источна Македонија ќе се разликува од она што СДСМ го остави веројатно во светлосни години. Кочнечно и граѓаните сами можат да видат што значат оние стари патишта кои ги имавме и што значи оваа масовна изградба во сите патни правци во источна Македонија, рече Димовски.
Тој оцени дека изградбата на патната инфраструктура во источна Македонија ќе значи и поголем економски развој и побрзо патување до главниот град на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Озбилни сте?
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)
-
Мисајловски: 100 нови улици во Ѓорче, ќе нема ни една неасфалтирана улица! (видео)
-
Мисајловски: Сите депонии во Ѓорче Петров ќе ги претвориме во зелени површини (видео)