Во мојата програма има многу проекти, но еден важен сегмент ќе биде животната средина, здравјето и пред се, чисто и зелено Ѓорче, изјави денеска кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Вели дека во неговата програма се предвидени повеќе проекти како Ѓорче Петров да нема повеќе отпад.
-Сакаме Ѓорче да нема никаде отпад и сите депонии да ги претвориме во зелени површини. Нови 10.000 садници во Ѓорче Петров, но исто така и нови рекреативни содржини, особено покрај реката Лепенец. Туку планираме нови содржини да изградиме. Да го урбанизираме тоа место и секој граѓанин да може да дојде, да се рекреира и да направиме повеќе простор и повеќе катчиња за сите граѓани. Да се ужива на овие места, посочи Мисајловски.
Мисајловски потенцира дека многу ќе се осврнат во делот на екологијата и животната средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)