Вчера околу 18 часот на ул. „Бетовенова“, при приведување лице, инспектори од струмичката полиција биле физички нападнати од страна на поголема група граѓани. При одбивање на нападот инспекторите испукале неколку куршуми заради заплашување.
Лицето И.Б. (21) од Стрмуца не е приведено, а од физичкиот напад две овластени службени лица се здобиле со повреди. Истите биле однесени во Медицински центар Струмица, каде што им се констатирани телесни повреди.
Група од околу 200 граѓани се собрале пред црквата „15 Светители“, го нарушувале јавниот ред и мир и одбивале да го предадат лицето. Околу 19.40 часот масата се растурила.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Струмица. СВР Струмица презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим