| четврток, 6 декември 2018 |

Соработникот на Спасовски што делеше дрва на Роми осудуван за измами и за криминал

drva-10640

СДСМ, како многу пати досега, повторно се фрли во акција за поткупување гласови, овој пат преку свои НВО како и здружување со лица со криминално досие.

На една недела пред изборите, СДСМ поткупува гласови на Роми во Куманово, преку делење дрва за огрев. Ромите кои биле посетени од таа невладина организација тврдат дека СДСМ стои зад оваа акција, додека пак невладината организација се користи како параван за да се покрие поткупот на гласачи.

Информациите од МВР до кои дојде Курир, потврдуваат дека во склад за дрва во Куманово на ромски семејства им се делат дрва за огрев. Лицата од невладината организација кои се претставиле како хуманитарно здружение „Романо Пралипе“ тврделе дека за акцијата која ја спроведувале во моментот имале проект за што бил запознаен и кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски, дотолку повеќе што со истиот имале договорена средба веќе за 5 декември, на која требало да биде потпишан договор не само за овој, туку и за други проекти.

memis-cic

Проектот кој требало да го спроведе невладината организација, а всушност е купување на гласови, предвидувало делење на 300 кубни метри дрво на 150 ромски семејства. Само во петокот ден биле поделени 66 кубни метри дрва на 33 семејства од ромска националност.

Казим М. кој е еден од лицата на кои им биле дадени огревни дрва, вели дека со партиска книшка од СДСМ на која со друго пенкало си го има допишано матичниот број, се легитимира. Истакнува и дека кога од СДСМ биле во посета на нивното маало им било речено „да не се секираат за ништо бидејќи сега полицијата е под СДСМ“.

memis-oliver

Според информациите на Курир, се повикуваат лицата кои добиле дрва, истите се фото-документираат и одземаат со потврда за привремено одземени предмети, а ќе се разговара и со лицата кои не добиле дрва. За се’ е известен јавен обвинител и се работи по негови насоки.

НВО „Романо Пралипе“ со криминални раководители

„Журнал“ дознава дека раководителот на невладината организација „Романо Пралипе“, Мемиш Гарп, инаку човек близок до раководството на СДСМ претходно бил осудуван за измами и криминал.

За поврзаноста на Мемиш Гарп со раководството на СДСМ сведочат овие фотографии, според кои може да се заклучи дека техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски добро се познава со него, како и партискиот портпарол Петре Шилегов.

petre-memis

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top