Oдобрени се 95 од вкупно поднесените 336 барања до филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Крива Паланка за користење на услугите од двата проекти на Министерството за труд и социјална политика.
– Од вкупно одобрените 95 барања на пензионери до Крива Паланка и Ранковце, 61 корисник ќе посетува бесплатна бањско – климатска рекреација во Катлановска бања, додека на 34 пензионери им е одобрено користење бесплатен викенд, а услугите ќе ги користат во Берово, изјави Биљана Ивановска, раководител на филијала на ПИОМ, Крива Паланка.
Сите на кои им е одобрена услугата ќе добијат известување на домашна адреса, а ќе може да ja користат веќе од почетокот на следниот месец.
Проектот за бесплатна бањско климатска рекреација за пензионери почна во 2010 година и досега услугите во Катлановска бања ги искористиле 502 лица од Крива Паланка и Ранковце, додека проектот бесплатен викенд се реализира трета година и досега 68 пензионери од двете општини ја искористиле оваа услуга.
Заклучно со годинашните одобрени барања, со двата проекти од двете општини се опфатени 665 пензионери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поради оваа грешка бањата ви е полна со бактерии
-
Пред суспензија 100 косовски полицајци, покрај платата земале и инвалидски пензии како борци на ОВК
-
Лекари на диво работеле во Катлановска бања, се трошеле пари од ФЗО
-
Крива Паланка: Се тепале во кафуле, побегнале од полициска станица и на крај прегазиле полицаец