| четврток, 6 декември 2018 |

Заев е човекот кој бара рекет, а тоа не е човекот кој што сакате да ја води следната Влада

Луѓето веќе се навикнаа да има некоја нова инвестиција, се навикнаа да отвораме фабрики, да инвестираме во нови отворања на работни места, никој не знаеше што е грин-филд инвестиција, бидејќи сите од минатото се сеќаваа само на затворање на фабрики, бркање на народот од фабриките на улица и приватизација на истите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 Никола Груевски.

Груевски се потсети и што направија тие кога владееја во нивното време, тој вели дека во тоа време на медицинскиот факултет се запишуваа само елитата од СДСМ и децата на членовите на СДСМ само беа лекари. Да се потсетиме на времето кога на времето тие следеа луѓе кои не беа истомисленици, се следеше 24 часа штабот на ВМРО. Тоа време кога Радмила беше на власт бесрамно го следеа својот противник без дозвола на управата за контра разузнавање и тие луѓе денес ќе ни говорат за слобода и демократија. А поради тоа тие губат 9 пати по ред, а ќе загубат и по 10 пат, вели Груевски.

-Пред неколку месеци кога се формираше одборот за акредитација за високото образование, Владата им понуди на јавни членови на СДСМ да влезат во одборот за акредитација во високото образование, но тие се заблагодарија и се уплашија да ја прифатат понудата бидејќи се плашат од Заев, Шекеринска и Фрчковски. Има луѓе кој се доста млади и не се сеќаваат какво беше времето кога владеше СДСМ, но ако ги прашаат своите родители каква беше економијата, демократијата, дали тие се сеќаваат на едно отворање на работно место, на една фабрика и колку се сеќаваат како се затвораа фабриките во Македонија, 200.000 луѓе останаа без работа и сето тоа со потпис на СДСМ. Како изгледаше ограбувањето на ТАТ, како изгледаше преку кршење на ембаргото и извезување на нафта, ова сето нека го прашаат младите деца своите родители без разлика за кого ќе гласаат, потенцираше Груевски.

Македонија е земја со најниски даноци во светот, доаѓаат инвестиции, се отвораат работни места а тоа е видливо јасно. Младите треба да ја гледаат иднината преку ВМРО-ДПМНЕ бидејќи партијата е отворена за тоа.

-Заев е горд што е во близина на криминалци, на луѓе бандити, Заев е човекот кој бара рекет, а тоа не е човекот кој што сакате да ја води следната Влада. 11 години е градоначалник во време кога земјата е 5 место во Европа, а 10 во светот според најразвиен економии, а нема донесено ниту една фабрика во Струмица и зарем очекувате тој човек да донесе фабрика во Македонија, да отвори нови работни места? Македонија и Центар нема да дозволи навиките од Струмица да дојдат тука и да ја водат државата, секој човек на крајот од денот и државата треба да размисли што е подобро за тебе и за твојата иднина, кој подобро ги решава проблемите, кој носи инвестиции Зоран Заев или Никола Груевски? Ова е историска одлука за оние кои планираат да го дадат гласот за помалите партии бидејќи давање на тој глас директно се дава за СДСМ, истакна Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top