| четврток, 6 декември 2018 |

Се гради нова трибина на стадионот во Битола

Започна реализација на проектот за изградба на северната трибина на стадионот под Тумбе кафе и реконструкција на јужната трибина во Битола. Со проектот, вреден над пет милиони евра, Битола треба да добие стадион изграден според најсовремени европски стандарди со сите потребни инфраструктурни услови за меѓународни натпревари.

bitola-tadion– Проектот ќе биде реализиран за помалку од две години. Работиме во ентериерот, се ослободуваат дел од просториите кои што ги имавме на северната трибина на стадионот под Тумбе кафе, а кога тие активности ќе бидат завршени започнува рушење на северната трибина, со што започнува реализацијата на долгонајавуваниот проект за стадион под Тумбе кафе. Во оваа фаза работиме на северната трибина, а истата ќе ја работи ГП Гранит, кој веќе ги започна активностите според својот динамичен план. Ова е историски момент затоа што Битола ќе го добие она што со децении го немаше, а го заслужува, изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Паралелно со рушењето на северната трибина, додаде Талески, деновиве е потпишан договор за реконструкција на спортската сала „Младост“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top