Во изминатите две години врската помеѓу Нико Розберг и Луис Хамилтон премина од класично ривалство во нездрав однос помеѓу двајца, пред сè тимски колеги. Двајцата одлични возачи две сезони по ред се бореа за шампионската титула. Минатата сезона Хамилтон ја освои својата трета, а Розберг пред една седмица својата премиерна во Формула 1 шампионатот.
Неколку дена подоцна, Розберг повикувајќи се дека го достигнал врвот на спортот во кој е од многу рана возраст, одлучи да се пензионира. На Хамилтон ќе му недостига Германецот со кој си ветиле на рана возраст дека еден ден ќе бидат шампиони.
– Секако дека ќе ми недостига ривалството со него. Започнавме да се занимаваме со овој спорт кога имавме 13 години и секогаш зборувавме дека еден ден ќе бидеме шампиони. Потоа потпишав за Мерцедес, а Нико веќе беше овде – уште една случајност која ја зборувавме како помлади. Ќе биде многу чудно без него и тажно, дефинитивно – истакна Хамилтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.