| четврток, 6 декември 2018 |

Руски „сухој“ падна во Средоземно Море

ruski-avion

Руски ловец „Су-33“ се урнал во Средоземно Море откако излетал од бродот носач „Адмирал Кузњецов“, соопшти руското Министерство за одбрана.  Како што пренесува „Танјуг“, пилотот успешно се катапултирал пред паѓањето.

Во извештајот се наведува дека причина за падот на „сухој“ е кинење на една од сајлите коишто служат за сопирање на авионот. Се истакнува и дека овој инцидент нема да влијае на продолжувањето со воените вежби во Средоземно Море.

Ова е втор ваков случај за неполн месец при што руски авион паѓа од палубата на носач. Кон средината на ноември падна и еден „МиГ 29“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top