Еден од главните осомничени за неодамнешниот напад во Турција е уапсен. Турските сили за безбедност успеале да фатат еденод оние за кои се сомневаат дека се виновни за двата атентати со автомобили-бомби, извршени во саботата во турскиот град Рејханли во близина на границата со Сирија. Се работи за М.Г., кој според полицијата е човекот кој ги купил двата микробуса, искористени во атентатите.
Во тој напад загинаа 51 лице, а над 100 беа повредени.Досега бројот на приведените во врска со нападите достигна 13 лица. Според тамошните власти, зад атентатите стои турска левоекстремистичка група, за која Анкара смета дека е терористичка организација и блиска до сириското разузнавање. Валијата на округот Хатај, Џелелетин Лекесиз, го повика населението да соработува со полицијата за апсењето на другите двајца осомничени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


