| четврток, 6 декември 2018 |

Гудјонсен му се понуди на Чапокоенсе: Од почит би играл за нив

gudjohnsenbarcelonagetty

На бразилскиот прволигаш Чапекоенсе ќе му биде потребно доста време за да повторно го изгради тимот, да мине низ големата трагедија која им се случи и да склопи состав кој би можел да се натпреварува на високо ниво.

Веќе неколку клубови му понудија помош и тоа не само од Бразил туку и од Аргентина, Португалија, Шпанија, а со Чапокоенсе се поврзуваат и неколку ветерани како Роналдињо, Рикелме. Во таа група сега се додава и поранешниот ас на Челси и Барселона, Ејдур Гудјонсен. Тој самиот јавно се огласи на социјалните мрежи и порача:

– Од почит би играл за Чапекоенсе, ако имаат место за мене, напиша легендарниот Исланѓанец.

За потсетување, Чапекоенсе остана без најголемиот дел од своите соиграчи и стручниот штаб, откако нивниот авион со кој патуваа на финалниот меч против Атлетико Насионал во Копа Судамерикана се сруши во Колумбија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top