| четврток, 6 декември 2018 |

Харден: Дајте му ја МВП награда на „брадата“ уште сега!

dzejms-harden

Во потесната листа за МВП наградата во НБА лигата оваа година го нема ниту Леброн Џејмс, ниту Стеф Кари. Стартот на сезоната е во знакот на Расел Вестбрук и Џејмс Харден, кои најмногу покажаа во првите два месеци од новата сезона.

Можеби јавноста го гледа Вестбрук како потенцијален победник поради просекот од трипл-дабл (31,2 поени, 10,5 скока и 11,3 асистенции), сепак во очите на Џејмс Харден, кој под палката на Мајк Д’Ентони игра како плејмејкер во Хјустон, тој е најголемиот фаворит за трофејот.

– Моментално би му ја дал наградата на „Брадата“. Погледнете го местото на нашата екипа. И секако бројките зад нашите настапи оваа сезона, кои се за историја. Погледнете ја мојата индивидуална статистика и се ќе ви биде јасно. Нашата цел оваа година е да го освоиме шампионатот. Новиот тренер за 20 натпревари ни покажа дека можеме да победиме секого. Ги победивме Сан Антонио и Голден Стејт на гостински терен, а блиску бевме и до славје во Кливленд. Останува уште многу да се игра, но мене искрено ми се допаѓа патот на кој што се наоѓаме – се зборовите на Харден, кој не штедеше на комплименти за себе и за своите соиграчи.

Доаѓањето на Д’Ентони значеше нова филозофија во нападот од која „жртвата“ беше заминувањето на Двајт Хауард и доаѓањето на Рајан Андерсон и Ерик Гордон. Тој е познат по својата офанзивна тактика, кој овозможува брза игра, многу шутеви за три поени и ефикасност на екипата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top