Вчера во 19.10 часот пред продавница во село Ранковце, поради претходно меѓусебно нетрпение, а по претходна физичка пресметка помеѓу лицата Д.И. (27) од село Ранковце и С.В. (33) село Радибуш, во еден момент С.В. почнал со метална шипка да удира по патничклото моторно возило „лада нива“ сопственост на Д.И. Притоа го искршил предното ветробранско стакло и направил надворешни оштетувања на возилото.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и издале наредба да престане да удира по возилото, но С.В. замавнал со намера да удри полициски службеник. Полициските службеници успеале да го спречат во намерата и истиот бил лишен од слобода.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.