| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска забрана за пушење во приватен автомобил во кој има деца

Денеска во Шкотска, во склоп на владиниот план за „генерација без тутун“ стапува на сила новиот закон за забрана за пушење во автомобил во кој има деца.

Според новиот закон полицијата може да ги казни и со 100 фунти на лице место лицата кои ќе ги затекне дека имаат запалена цигара во приватен автомобил во кој се возат малолетни деца. Ако случајот дојде со суд, казната може да се достигне и до илјади фунти.

Законот едногласно го усвииле сите членови на шкотскиот парламент.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top