| четврток, 6 декември 2018 |

Еврото паѓа во однос на доларот

Еврото падна во однос на другите валути веднаш по излегувањето на првите анкети, кои покажаа дека граѓаните на Италија на референдумот ги отфрлија уставните промени предложени од премиерот Матео Ренци, пренесува „Ројтерс“.

Проекциите покажуваат дека разликата во гласовите може да биде и до 20 отсто повеќе во корист на противниците на реформите, а ако се потврди, тоа ќе биде голем удар и за Европската унија, која се бори да надмине повеќе кризи и која сакаше Ренци да продолжи со реформите, констатира „Ројтерс“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top