Новак Ѓоковиќ доживеа чудна елиминација и во Рим, каде загуби добиен меч против Томаш Бердих, по водство од 1-0 во сетови и 5-2 во гемови.
Србинот сервираше за победа, но противникот од Чешка во вистински момент го направи првиот брејк, израмни на 1-1 во сетови и се избори за решавачки сет. И тој му припадна на Бердих со 6-4, за елиминација на првиот носител. Со резултат 2-6, 7-5, 6-4, Чехот оди понатаму и во битка за финале ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Рафаел Надал и Давид Ферер, кој е во тек.
Во женска конкуренција на комплексот „Форо Италико“, каде се игра турнирот, денеска не се појави Марија Шарапова. Русинката требаше да игра против домашната претставничка Сара Ерани, но поради болест го предаде мечот од четвртфиналето. Марија се пожали на грип и не сакаше да ризикува да и се влоши состојбата па се откажа од понатамошно учество на турнирот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Што се случува вечерва во Рим (видео)
-
Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов на Деновите на Св.Кирил во Рим
-
Заради новогодишната елка ќе завршат на суд: Римскиот „шугавец“ го платиле 50 000 евра, граѓаните велат дека личи на четка за вц – шојла
-
Шарапова осудена седум години во затвор за измама во Индија



