| четврток, 6 декември 2018 |

Заев, Јовановски и Ивановски прво сами на кафе, а потоа на кафе со Наумов

01032013111824_zoran-jovanovskiКандидатите за претседатели на СДСМ ќе седнат на заедничка маса, но откако ќе се дефинира колку од нив ќе останат во трка по претседателската фотелја. Прво треба да се сретнат Зоран Заев, Зоран Јовановски и Игор Ивановски Шема, па откако тие ќе се договорат дали сите тројца ќе продолжат понатаму, ќе се сретнат и со Кире Наумов.

Kire-Naumov-02

– Се слушнав со Зоран Заев. Смета дека е одлична идеја да седнеме на заедничка маса, за како што кажав  духот на мојата заложба за фер, демократска и сопартијска кампања. Но сепак, посочи дека до вечерва или евентуачно утре треба да се види со Игор Ивановски и Зоран Јовановски, со кои ќе видат дали има простор за намалување на бројот на кандидатурите. По ова ќе се знае дали на маса ќе седнеме двајца, тројца или четворица. Очекувам откако тие ќе се договорат, да ме побараат и да оствариме една заедничка неформална средба – вели Наумов.

zoran-zaev-3-Тој не успеал да стапи во контакт со Зоран Јовановски, а Игор Ивановски му потврдил дека ќе се сретнат откако ќе се дефинира колку од нив остануваат во трка по претседателското место.

Наумов денеска оствари средба со секретарот на СДСМ, Андреј Петров, во просториите на СДСМ, кој го известил дека Извршниот одбор донел одлука со која ја прифаќа неговата кандидатура за претседател на СДСМ на конгресот на втори јуни. Му потврдил дека се остава простор до понеделиник останатите тројца кандидати евентуално да се договорат за намалување на бројот на  кандидатури.

igor-ivanovskiНекои медиуми веќе објавија дека во СДСМ се прави договор Зоран Заев да ја преземе претседателската позиција, Зоран Јовановски потпретседателската, а Игор Ивановски да биде генерален секретар на партијата. Комбинацијата Заев претседател, а Игор Ивановски генерален секретар не е новина.  Во 2008 година Заев беше в.д. претседател, а Шема генерален секретар.

Го побаравме Ивановски за да каже дали би се откажал од кандидатурата за позицијата генерален секретар. Но тој не одговараше на телефонските повици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top