| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета на „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ со огромна предност ќе оствари победа над СДСМ

На 6 дена пред изборите на 11 декември не се топи разликата меѓу двете најголеми партии, предводнички на двете најголеми коалиции на овие избори. 27,8 рејтинг за ВМРО-ДПМНЕ, 16,2 отсто за СДСМ. Ова го покажува најновата телефонска анкета на Институтот „Павел Шатев“ спроведена во периодот помеѓу 30 Ноември и 2 Декември на 1090 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија.

-Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина, информираат од Павел Шатев.

pavel-satev-1-5-12

pavel-satev-2-5-12

pavel-satev-3-5-12

pavel-satev-4-5-12

pavel-satev-5-5-12

pavel-satev-6-5-12

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top